Новогодишен концерт на Бисера Валетанлиќ: музика што ослободува од прашината на секојдневието

„Пред многу години Сара Вон рече дека нема во Америка бела жена со таков глас и ја повика со неа да дојде да направи кариера таму. Но, таа остана тука. И сите овие години пееше, и никогаш не се откажа од својата музика, држејќи се до својот концепт за светот – животот е како џез…најдобар е кога импровизирате„, вели писателката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ за новогодишниот концерт кој се одржа во салата Коларац на 29 декември.

bisera na kolarcu

„Значи, да се препушти целиот свој дух на една нота и…гравитацијата исчезнува. Така со музика може да се направи длабока приказна, како океан. Музиката е нејзиното сопствено искуство, нејзините мисли, нејзината мудрост. Музиката која ја живее.

Не се вели случајно дека човекот станува музика која ја слуша, а колку дури станува музика која ја пее! Во сите овие страшни, долги и гладни години, таа беше таа музика, која никогаш не престана. Музика на сетата, на сеќавањата, инспирацијата, ненаметлива и премногу вистинска за да се чуе во времето на буката и гневот, непростојните понуди и светликавиот недостаток на стил.

Ни една препрека, никогаш: за неа таа музика отсекогаш и сеуште е место каде се е можно – волшебен свет во кој секој може да влезе, во кој најразлични луѓе можат да бидат заедно и без ограничувања.

Просторот меѓу нотите понекогаш е важен колку и самите ноти, рече Џорџ Гершвин, а просторот во кој не беше оваа музика е речит доказ на времето во кое живеевме.

Тоа е музика која од душата ја симнува прашината на секојдневницата.

Се вели џезот е како виното: кога е младо тоа е само за експерти, а кога е зрело – сите го сакаат.  И оваа ноќ е доказ за тоа.  Имам чест што ме повика вечерва да бидам тука, можам само со задоволство да кажам – Бисера, можеби друго чекаше, но твоето време допрва доаѓа.

Дами и господа, Васил Хаџиманов бенд и Бисера Валетанлиќ“.

bisera na kolarcu 2

Со овие зборови публиката во преполната сала Илија М. Коларац на 29 декември, писателката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ ги поздрави присутните и ги воведе во волшепството кое почнуваше, кое се помни и прераскажува – новогодишниот концерт на Бисера Валентанлиќ.

Концертот за кој се бараше билет повеќе почна со познатата мелодија Мило мое, а Бисера Валетанлиќ и Васил Хаџиманов бенд ја водеа воодушевената публика низ одлично споениот микс на различни музички стилови, од џез до босанова, до танго. Изненадување беа гостите Александар Саша Николиќ и Вартан Барониан кои тангото со „срспски завршеток“ и атмосферата ја донесоа до врвот. Посебно изненадување и вистински новогодишен подарок донесоа со своите соло настапи двете девојки – Марта Хаџиманов и Бојана Стаменов кои со Срѓан Марковиќ и Јелена Влаховиќ беа и пратечки вокали на Бисера.

Бојана Стаменов

Бојана Стаменов

Новогодишната атмосфера ја надополнија и учениците од Музичкото училиште Станковиќ, отсек џез, кои им се придружија на музичарите на сцената.

Добро извежбаниот бенд кој дише како едно и звучеше неверојатно во салата Коларац, Бисера која ја подигнува публиката на нозе со прочуените хитови Једно касно лето, Бај бај и Златни дан, но и со духовити и релаксирани обраќања на поклониците на нејзината музика, направија двата часа квалитетна музичка програма да минат за миг, а публиката со насмевка на лицето да си замине дома, не обрнувајќи внимание на маглата, студот, ниту на анксиозноста која Новата година на многумина им ја носи. Зашто концертот на Бисера, секако е најубав начин да се заврши една и започне нова година.

Сузана Спасиќ

x

Check Also

Утревечер светска премиера на „Врба“ на Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на ...