Новогодишна елка на желби во Рамстор мол

 

Хуманитарна кампања на Рамстор Мол и Црвен Крст

Традиционално, како и секоја година, 11-ти пат Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства.

“Новогодишната елка на желби” е настан кој има за цел да донесе насмевки на лицата кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.

Денеска, дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.

Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица, а верувајте ни, нема поубав подарок за секој од нас од искрена насмевка кај децата.

Акцијата ќе трае од 02.12.2019  до 28.12.2019 година, а на 30.12.2019 дечињата ќе ги добијат своите подароци.

 

 

x

Check Also

Руралните жени од Росоман во расчекор помеѓу традициите и сонот за современ живот 

Руралните жени од Росоман сакаат да бидат економски независни. Врз основа на податоците на ООН, жените на планетата главно не поседуваат земја, но главно  ја обработуваат, немаат капитал, но работат повеќе за по ...