Новогодишна колекција од New Yorker

New Yorker има предлози како да се дотераме за новогодишните и божиќните празници. 

Во центарот на вниманието во празничната колекција на оваа модна марка се плишот, светкавите материјали и проѕирните ткаенини. Сеприсутни се гламурните детаљи, а не е запоставена но секси-црвената нијанса како и сребрените секси модни парчиња.

За посмелите, тука е сребрената мини сукњича, тесните плишани комбинезонки во виолетова нијанса, црвениот фустан кој ја следи силуетата, топови со изглед на градници…Оние пак кои сакаат елегантен изглед, можат да одбираат помеѓу плишани фустанчиња и костуми.

Комбинирајте ги модните парчиња со пар тесни чизми со високи потпетици, или со чизми високи над колениците и не заборавјте на предимензионираните обетки со кружна форма или издолжени со реси.

x

Check Also

SUPERDRY маички во неонски нијанси

Неонските нијанси се водечки тренд за лето 2019, а во SUPERDRY најдовме две ...