Новогодишни колачиња со мармалад во форма на ѕвездички

Внесете празничен дух во домот и подгответе ги лесно овие вкусни слатки ѕвездички.

kola-3

Намирници за тестото – 250 грама маргарин, 500 грама брашно, 150 грама шеќер, 2 јајца, 1 прашок за пециво и 1 ванилин шеќер.

За филот – мармалад, шеќер во прав за попрскување.

kola1

Подготовка

Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Додадете го исечканиот маргарин и замесете тесто. Потоа, додадете ги јајцата и уште еднаш замесете. Развлечете го тестото па со калапчиња вадете ѕвездички. Со помало калапче извадете ја средината на ѕвездата. Испечете ги ѕвезичките. Потоа спојувајајте ја полната и шупливата ѕвездичка со мармалад. Исто така спојте ги и малите ѕвездички па сервирајте ги заедно со големите. Сите попрскајте ги со шеќер во прав.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...