Новогодишно декорирање на трпезата во пастелни нијанси

Изборот на нежни, пастелни нијанси на трпезата ќе придонесат за еден сосема шик и необичен изглед во кој со задоволство уживаме со блиските и пријателите. Како да декорираме „пастелна“ трпеза? Едноставно, ставајќи акцент на деталите.

pastel

Прво, изборот на чаршавот за масата треба да биде во нежна сива, бела, сребрена или светло розова боја. Потоа обрнуваме внимание на сервисот кој треба да биде во нежна нијанса која одговара со нијансата на чаршавот (нежно сина, нежно жолта, бебешка-розе).

И оттука играта на нијаси започнува…

pastel-2

Продолжуваме со изборот на хартиени салвети, во потемна пастелна нијанса, декоративни лампиони и украси на масата – во неколку различни нежни бои, свеќички, цветови во „живи“ пастелни бои, па дури и колаченцата со крем во розова или небесно-сина боја.

slika-1

pastel11

pastel10

pastel-11

За комплетно задоволство сервираме вино во нежно сина боја, достапно во продажба во поголемите супермаркети.

Виното Pasion Blue е достапно во продажба и на македонскиот пазар

И просторот околу масата го украсуваме со балони во пастелни бои.

pastel-5

Уживајте во играта на пастелното и декорирајте ја трпезата со стил.

x

Check Also

Samsung го претстави новиот 2020 QLED 8K flagship телевизор на европскиот пазар

Новиот Q950TS QLED 8K телевизор претставен заедно со новите уреди од QLED ...