Новогодишно украсување на домот со тестенини

Да направите украси за елка не е многу тешко како што мислите. Особено ако станува збор за украси од тестенини кои изгледаат фантастично.

ukras-5

Потребно е – тестенини во разни форми и бои, лепило, боја во спреј (по желба, препорачуваме сребрена или златна) и украсни врвци или конец.

Парченцата тестенини редете ги едно до друго правејќи ѕвездички, елки, снегулки, па дури и ангели. Споите ги со лепило и потоа испрскајте ги со спрејот. Оставете да се исушат, па закачете ги на елката со помош на врвцата или конецот.

SONY DSC

Секако, на креациите од тестенини може да додадете и некои ситни детаљи, како копченца или украсни камчиња.

Уживајте во забавата на украсувањето!

ukras-8

ukras-1

ukras-3

ukras-2

ukras-4

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...