НовоЛото 7/34 со нова 7ка, прва во Неготино

Во 69тото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во среда на 30ти август 2017, постигната беше добивка 7ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари.Уплатата е реализирана во Неготино во среќното место Корзо. Уплатен е полн систем од осум броеви, т.е. осум комбинации од по 20 денари  со што вкупната уплата на играчот изнесува 160 денари. Покрај  седумката вредна 6 000 000 денари, системот носи добивка и од седум шестки во вредност од 123 235 денари, па така вкупната вредност на добивката изнесува 6 123 235 денари. Среќните броеви извлечени во ова 69-то коло се: 4,5,15,20,24,25,32 и дополнителниот бројот 9.

Уплатата е реализирана на 30ти август, на денот на извлекувањето, а ова е токму 17тата седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

Среќното место Корзо во Неготино по прв пат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната 7ка .  До сега градови во кои е постигната 7ка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка, а од денес и Неготино.

Највредната седумка до сега носеше 27.503.930,00, со броеви уплатени во киоск на Југодрво во Скопје, минатата, 2016та година.

Оваа 17та седумка е трета по ред во оваа година, а година со најголем број седумки е 2015та кога се постигнати дури четири 7ки. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме со нашите лото играчи да го надминеме бројот на до сега рекордната 2015та, по број на постигнати 7ки.

Фондот за 7ка за наредното коло изнесува 6.000.000,00 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер ќе надмине 1.250.000,00 денари.

Среќниот добитник на оваа 17та 7ка го очекуваме во просториите на Државна лотарија на Македонија со електронската потврда за уплата на неговите среќни броеви, во врска со кои веруваме дека ќе добиеме интересна приказна која ќе ја споделиме со вас.

Играта НовоЛото 7/34 ја носи најголемата добивка во Македонија, а кој игра, тој добива.

          

 

 

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...