Новото истражување тврди дека годишниот одмор го продолжува животот

Да се ​​соочиме: стареењето е тешко. Количината на работи што треба да ги решаваме секојдневно – помеѓу работата, семејството, пријателите и жонглирањето со финансирањето, а да не зборуваме за времето кое ни треба за нас самите и наша грижа, како да се вклопиме во ваквиот ритам?  И покрај тоа што можеби изгледа  тешко да излеземе од нашите неделни рутини, неопходно е да си земеме потребно време за одмор,  не само затоа што сме заслужиле релаксирачка пауза, туку затоа што одморот може да ви помогне да живеете подолго. Според новото истражување, една од здравствените придобивки од одморот вклучува подолг живот, а тоа не е мала работа, нели?

Според истражувањето кое е направено врз основа на наодите од Студијата за бизнисмени во Хелсинки – 40-годишен студија за следење на кардиоваскуларните фактори на ризик кај 1.222 бизнисмени – одморите не се само луксуз. Всушност, тие се многу важни за квалитетот на животот и долговечноста.

Во студијата која започнала во 1960та година, а се реализирала до 2014 година, биле следени две групи на испитаници. Првата група живееле живот според нивните вообичаени здравствени навики добивајќи стандардна медицинска грижа, а втората група живеела во насока на подобрување на здравјето, поточно, се откажале од пушење, ја подобриле исхраната и почнале да вежбаат. Изненадувачки, втората група сеуште имале повисока смртност отколку првата група на испитаници, доколку работеле напорно, имале нарушен сон и не оделе на годишен одмор.

Професорот Страндберг понатаму објаснува дека намалување на стресот значи директно намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и продолжување на животниот век. Иако и другите фактори како добриот сон и вежбањето се многу важни, прв на листата на важност сепак е земањето на годишен одмор и земањето на помали одмори во текот на работната година.

x

Check Also

„When in Krusevo,, ќе се оддржи на 21ви, 22ри и 23ти јуни во Крушево 

Позиционирањето на Македонија како атрактивна туристичка дестинација бележи прогрес изминатите години, а ...