Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, го нормализираат метаболизмот и го зајакнуваат организмот.

Доколку го конзумирате извесен период секој ден не само што ќе ви ги прочисти цревата и целиот организам, туку ќе ви помогне да го симнете салото около стомакот.

Безуслово го решава проблемот со мрзливи црева и опстипација, согорува масни наслаги и ја нормализира телесната тежина. По еден месец конзумирање на овој коктел, лесно ќе загубите 3 до 5 килограми, а најголем дел околу стомакот.

За подготовка на појадокот потревно е – 300 мл кефир, 2 лажици овесни снегулки, 1 кафена лижичка сомелено ленено семе, 1 кафена лажичка какао во прав, 5-7 суви сливи.

Подготовка

Појадокот се подготвува навечер за следниот ден. Прелијте ги со малку извриена вода (100 мл) сувите сливи. Поклопете ги и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути. За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, сомеленото ленено семе и какаото. Прелијте со кефирот и добро се измешајте.

Сливите ситно исечкајте ги, а можете и во блендер до состојба на пире, и додадете ги во претходната смеса. Добро измешајте и оставете во фрижидер.

Наутро извадете го од фрижидер и уживајте во својот здрав и вкусен појадок. Резултатите набрзо ќе бидат видливи.

x

Check Also

Што треба да појадувате ако сакате да слабеете?

Дали претпоставувате што треба да појадувате ако сакакте да слабеете? Макмода ви ...