IVAN ASEN 22

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоу-рум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со изложба на наградувана платформа за концептуален дизајн, како и ревиски претставувања на колекциите од млади и етаблирани имиња во земјата и регионот, сочинуваат само дел од богатата програма што посетителите на најголемиот моден настан во метрополата ќе ја проследат од 29 до 31 март во зградата на Европски универзитет (ЕУРМ).

дизајн: Lommer, фотографија: Theo Pantazis

Со свеченото отварање на шоурумот „United Fashion SEE“ во 18 часот, наредниот петок (29.03) и официјално ќе започне со нетрпение очекуваното 19-то издание на Моден Викенд Скопје. Домашната публика, но и многубројните најавени гости и медиуми од странство, премиерно ќе имаат можност да ги погледнат најновите креации на 28 возбудливи и внимателно одбрани дизајнери и брендови од Европа.

Покрај од земјата домаќин, своите колекции за сезоната есен-зима 2019/2020, заеднички пред потенцијалните купувачи ќе ги изложат претставници на Белгија, Германија, Португалија, Франција, Романија, Латвија, Естонија, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а потоа истите ќе ги презентираат и со спектакуларен моден перформанс во зградата на Европски универзитет.

дизајн: Maja Kikiritkova, фотографија: Martin Sarovski

На задоволство на филмските сладокусци, вљубениците во уметноста и пасионираните следбеници на модата во сите можни форми, уште една занимлива новина годинава е гостувањето на „ИВАН АСЕН 22“, платформата за концептуален дизајн од Софија. По презентациите во Бугарија, Австрија, Јужна Африка и Германија, следна „станица“ им е Модниот Викенд во Скопје.

Сетилата на посетителите ќе бидат „заробени“ од несекојдневното естетско доживување, кое го обединува модниот дизајн и визуелните уметности на начин што никого не остава рамнодушен. Организаторите на изложбата се добитници и номинирани за мноштво награди на престижни фестивали низ целиот свет, а пред пристигнувањето во нашата земја само кусо прашуваат: „ Каде е вашиот дом?“

дизајн: Evgenija Zafirovska, фотографија: Tone Bandits studio

И, пред да помислите дека овогодинешното издание ќе помине без традиционалните ревии, изненадувањата продолжуваат токму на модните писти. Под сјајот на рефлекторите и блесокот на фотообјективите, во текот на последните три дена од месец март, со нови колекции ќе се претстават како млади и перспективни имиња, така и етаблирани ѕвезди од државата и регионот.

Дека македонската мода има светла иднина, први ќе посведочат студентите на факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот универзитет, приредувајќи тематско модно шоу со наслов „Ив Сен Лорен и јас“, по што ќе ѝ посакаме топло добредојде на Yllka Brada, секогаш драгата гостинка од Косово. Сензационален камбек на сцената најавува и Маја Кикириткова, која за првпат пред присутните ќе открие сосема непознати парчиња од повратничката колекција „ELEAZAR’.

Аплаузи, симпатии и воздишки несомнено ќе измамат и исклучително талентираните Evgenija Zafirovska, Sofija Urumovic, Marija Kulusic, како и екстравагантниот Marko Feher, a на истата листа им се придружуваат и Milan Zejak, Sara Redzic, како и брендот Arthropoda. Второто студентско шоу е резервирано за последниот ден, овојпат од Технолошко-металуршкиот факултет.

Mисијата да се обедини Европа на едно место, немаше да биде возможна без поддршката од спонзорите и пријателите. Oфицијален автомобил на настанот е новиот BMW Серија 3, кој отсекогаш бил лидер во дизајн, перформанси и технологија. Преку новиот јазик на дизајн и иновации, спортскиот седан ја поврзува успешната историја со иднината. Во рамките на настанот, компанијата М Кар ќе ја претстави седмата генерација на моделот.

За убавиот и блескав изглед на манекенките и гостите ќе се погрижат партнерите од Vichy, Merz Spezial и Kryolan во соработка со Школа за убавина АРТ, додекa уникатниот избор на чевли го обезбедија Bellmondo shoes. DHL го овозможи безбедниот пренос на пратки, а Pakomak печатењето на промотивните материјали. За чиста и мирислива гардероба – препораката на Моден Викенд Скопје е брендот Perwoll.

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...