Обетки и ѓердани во функција на модерна контрацепција

Американските научници го развиле концептот на накит кој воедно е и контрацептивно средство. На модните додатоци како обетки, ѓердани и часовници, се ставаат фластери наполнети со хормони кои потоа се впиваат во кожата. Овие хормони делуваат на ист начин како оние во контрацептивните апчиња.

Истражувачите од Georgia Institute of Technology откриле дека работат на концептот модерна контрацепција кој наскоро ќе стане нов омилен начин за заштита од непосакувана бременост. Тие заклучиле дека обетките, ѓерданите и часовниците се најдобар начин за пренесување на контрацептивните хормони зашто остануваат подолго во близок контакт со кожата. На обетките со клип се поставуваат фластери наполнети со синтетички хормони кои преку ушите брзо се апсорбираат во крвотокот. Се очекува обетките да се носат 16 часа дневно, а да се извадат во текот на ноќта, на најмалку осум часа, за да ги задржат контрацептивните хормони во телото.

За сега, тестирањето е направено на животни и се покажало многу успешно. Наскоро ќе се направи и на луѓе.

x

Check Also

Суперхрана која треба да ја јадете и супер коктели кои треба да ги пиете

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав ...