Обетките и нараквицата кои ги носеше Меган Маркл се достапни во продажба во Картие

Меган Мркл за својата венчавка одбра елегантна, класична и минималистичка венчаница од Живанши, но таа сепак одлучи да додаде сериозен, блескав накит за да го нагласи свечениот изглед.

Маркл избра да носи обетки од познатата марка „Картие“. Обетките беа совршени и ненаметливи, од бело злато со дијаманти. Нараквицата околу нејзиниот зглоб на раката беше од колекцијата Reflection de Cartier.

Ако сте подготвени за инвестиција во накит, би можеле и вие да си нарачате исти обетки и нараквица, бидејќи моментно се достапни во продажба во продавниците на Картие, како и на официјалната онлајн шопинг страница на Картие.

x

Check Also

Топ моделот Елза Хоск ќе го носи градникот на фантазиите (ФОТО)

Спектакуларното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи на 8 ноември, а ...