Облоги од ѓумбир за тенок струк и намалување на целулитот

Познати се позитивните влијание на ѓумбирот врз здравјето и во процесот на забрзување на слабеењето, но овојпат не зборуваме за ѓумбирот како додаток во исхраната, туку како проверен борец против целулитот.

Ѓумбирот е антиоксиданс, има антибактериско дејство и придонесува нашата кожа да изгледа подобро и да биде затегната. Се зборува и за неговите својства во борба против борите на лицето, но истражувањата потврдија дека ѓумбирот е драгоцен и во намалување на целулитот.

Облогите од ѓумбир поттикнуваат да се исфрлат наталожените токсини од телото и течноста која се задржува во организмот, а со тоа помага и во разложување на „портокаловата кора“ и слабеење на местото кадешто се ставаат облогите. Поточно делува на намалување на сантиметрите на проблематичните места – бутовите.

Ѓумбирот има моќ и да ја направи кожата мазна, но и да го подобри нејзиниот тонус.

За облогите од ѓумбир ќе ви бидат потребни- 2 корена од ѓумбир, 2 грејпрфута и половина лимон.

Изрендајте го ѓумбирот, а грејпфрутот излупете го, па изрендајте ја неговата кора. Помешајте го изренданиот ѓумбир со изренданата кора од грејпфрут, па на тоа додадете го и исцедениот сок од половина лимон. Смесата убаво истријте ја на деловите од телото кои се загрозени со целулит, потоа завитајте ги тие делови во проѕирна фолија (може да употребите и кујнска проѕирна фолија). Облогите од ѓумбир држете ги половина час, па истуширајте се наизменично со студена и топла вода.

Ваквата комбинација на ѓумбир, грејпфрут и лимон сигурно ќе ги намали наталожените масти и целулитот, додека вашата кожа ќе стане поубава и подготвена за летото.

x

Check Also

Топ 3 креми против целулит, достапни на европскиот пазар, кои навистина делуваат

Секоја година на козметичкиот пазар се појавуваат нови креми за борба против ...