Обојте го домот со вистинските бои за душевна хармонија

Бојата е моќна алатка која може да евоцира емоции, да создаде посакувана атмосфера или илузија на поголем простор. Откријте ја совршената боја за секоја соба во вашиот дом.

color
Црвената боја го стимулира апетитот и е идеална за соби во кои се јаде, советуваат дизајнерите на ентериери. Ако црвените ѕидови ви се премногу „навредливи “, крем или бели ѕидови секогаш може да ги дополнат црвени ормарчиња. Покрај тоа, за кујната е погодна и жолта боја бидејќи го забрзува вашиот метаболизам и ви дава енергија.

kujna
Во просториите кои се користат за релаксација, спални соби или бањи, искористете бои кои ќе придонесат за смирена атмосфера. За ова идеални се светлите нијанси на сина, зелена или лаванда. Дневната соба обојте ја со топли нијанси на жолта и портокалова или пастелни тонови, како што се црвенкасто кафена и беж.

spalna
Жолта е одлична за голема сала, но и за претсобје – гостите ќе се чувствуваат добредојдени, а и вашето расположение оваа боја ќе го подобри кога ќе го напуштате домот. Соби со поглед на север имаат тенденција да имаат недостаток на светлина, така „стоплете“ ги со топли бои, додека собите кои гледаат на јужната страна може да ги „оладите” со сина и зелена боја. Одберете ги вистинските бои и уживајте во колоритната енергија која ви ја дава вашиот дом.

hodnik
Дома си е дома!

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...