Од 1 до 6 октомври: Скопје дизајн вик

Третото издание на Скопје дизајн вик кое ќе се одржи во Куршумли ан во фокусот ќе ја стави Швајцарија.  

skopje 2

Скопје дизајн вик (Skopje Design Week) кој ќе се одржи по третпат прераснува во значаен играч во регионот и активно соработува со сите дизајн платформи на Балканот. Најзначајните дизајни што се продуцираат кај нас вредат да се претстават и во регионот преку организирани настапи и поставки на настани како што се Миксер фестивал во Белград, Дан Д во Загреб, Неделата на дизајн во Софија, а од оваа година и на Неделата на дизајн во Тирана. Сите овие фестивали имаат иста идеологија, од една страна функционално обединување на регионот како еден пазар без никакви бариери, а од друга страна претставување пред пошироката светска публика како целина.

„Присуството на регионалните фестивали посветени на креативноста е значајно за македонските компании. Директната комуникација со купувачите наклонети кон нови дизајн предизвици, интеракцијата со нив и со потенцијалните бизнис партнери во една поинаква атмосфера ослободена од формалноста на саемот, а збогатена со интензитетот на присутната креативна енергија помага за директно пренесување на филозофијата на брендот, а со тоа и полесно позиционирање на соодветниот пазар. Од истите причини, организаторите на Скопје дизајн вик настојуваат во Скопје да ги донесат најдобрите дела од регионалните селекции и да ги претстават заедно со изборот од најновото и најдоброто од македонските дизајнери, опфаќајќи ги притоа сите дизајн сфери – продукт, графички и моден дизајн. Резултатот го гледаат е во поврзувањето помеѓу дизајнерите и компаниите што веќе раѓа со соработки и реализирани проекти на различни нивоа и во различни области“,  изјави Марта Грнарова – Наумовска, програмски директор на Скопје дизајн вик.

„Швајцарија е овогодинешна земја во фокусот која покрај чоколадата, Алпите и часовниците е една од водечките дизајн сили во светот. Десет топ-дизајнери од Швајцарија, ќе откријат како Швајцарија врз основа на дизајнот успева да создаде производи и да стане светски бренд. Придобивките за македонските компании се големи, тие ќе имаат можност да соработуваат со овие дизајнерски имиња на повеќе нивоа од дизајнерска гледна точка. Од една страна најголемиот воочен проблем е јазот меѓу креативното и применливото, меѓу идејата и реализацијата. Производствените и увозно ориентираните компании, од друга страна, разбраа дека потрошувачите се едуцираат и дека и тие треба да бидат во чекор со времето за да опстанат на пазарот и го зголемат својот обем на работа и профит. Токму затоа критериумите за изложување и учество годинава се заострени, како за компаниите, така и за младите таленти“, изјави Александар Велиновски, директор на Скопје дизајн вик.

x

Check Also

Објавен Конкурсот за стипендии на Семос Академијата за графички и веб дизајн

Тема на конкурсот „S.O.S” Семос Академија распиша Конкурс за доделување стипендии на ...