Од 24 до 26 јануари Coffee and Tea Fest во Рамстор Мол

Љубителите на доброто кафе и вкусен чај овој викенд во Рамстор Мол ќе имаат можност да уживаат на Coffee and Tea Fest. Во периодот од 24 до 26 јануари посетителите ќе можат да уживаат дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе и чај на единствениот Coffee and Tea Fest во организација на Рамстор Мол.

Сите посетители ќе имаат можност да уживаат во промоцијата на нови вкусови, дегустација, а сето тоа ќе биде пропратено со кафе муабет или топол чај со вашит епријатели, и богата музичка програма.

Токму затоа овој викенд кој ни следи, дојдете во Рамстор Мол од 11 до 19 часот каде ќе ве пречека неверојатниот мирис на кафе и чај и уживајте во добар муабет со вашите пријатели.

x

Check Also

Не мора да се видиме за да испиеме кафе заедно

На нас останува да најдеме начин да бидеме блиски и безбедни, без ...