Од 8ми до 14ти април – предизвик Јади Паметно

Начинот на кој храната е произведена, процесирана, дистрибуирана, употребена и фрлена има големо влијание врз нашата планета. За да се даде на луѓето практично знаење зошто нашиот избор на храна е важен, „Шведскиот Институт“ заедно со „Сите сити“ како локален партнер во Македонија го стартува предизвикот „Јади Паметно“ во Западниот Балкан и Шведска.

Што е преизвикот „Јади Паметно“?

Предизвикот „Јади Паметно“ е повик за акција кои ги повикува учесниците да го предизвикаат начинот на кој тие јадат. Глобално овој настан досега има инспирираше стотици учесници од повеќе од 40 држави да го пробаат овој предизвик. Сега е време за луѓето од Запаниот Балкан. „Јади паметно“ е онлајн кампања која преку седум практични предизвици ја подига свеста и им помага на луѓето да разберат зошто нашиот избор на храна е важен и колку храната е тесно поврзана со одржливоста на планетата.

Како?

Во текот на седум дена и седум предизвици, учесниците од целиот свет ќе истражуваат како да јадат поодржливо. Предизвикот „Јади паметно“ е забавен и лесен начин да се започне да се јаде посвесно, додека ги инспирираме останатите. За понатамошно ангажирање на јавноста и давање смисла на пораката, спонтано ќе започне натпревар за значењето на храната во Запаниот Балкан од страна на блогерите.

Зошто?

Она од што се состои нашата храна, како се одгледува и колку далеку е транспортирана, се сите фактори кои треба да се земат предвид при изборот на оброк. Органска, локално произведена вегетаријанска храна има многу помало влијание на планетата во споредба со конвенционално произведено говедско месо од целиот свет.

 

 

x

Check Also

Нов интегрален леб со просо и црно семе на Жито Лукс дополнително збогатен со железо

Компанијата Жито Лукс во семејството специјални лебови го додаде новиот интегрален леб, ...