Од денес „DOGO“ и во Скопје – Креирани парчиња кои отскокнуваат од околината

Денес во 19.00 часот, на улицата Максим Горки во Скопје (во близина на Hotel Marriott) ќе се отвори првата продавница во Македонија на познатиот светски бренд за облека, „DOGO“.

Компанијата „DоGо“, кој во моментов брои над 5000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи како Њу Џерси САД, Абу Даби ОАЕ, Берлин, Амстердам,Барселона и др., конечно ја отвора својата прва продавница во Скопје. Брендот, чие мото е креирање на парчиња кои ќе отскокнуваат од околината, е првиот во светот кој нуди чевли со испринтани оригинални дизајни.
Сите продукти кои „DоGо“ ги нуди се рачно изработени, целосно произведени од вегански материјали и со уникатен дизајн инспириран од различни градови, познати личности, музички текстови, миленичиња и четирите временскисезони. Иако главниот производ на „DоGо“ се чевли, во продавницата ќе може да најдете и широк избор на облека и модни додатоци за мажи, жени и деца.
Филозофијата на „DоGо“ е да им понуди на своите клиенти комбинација на свежи дизајни и разумни цени. Нивните рачно изработени продукти им овозможуваат на оние во потрага по необично и оригинално парче облека да сеизразат себеси и својот креативен дух. Меѓу другото, брендот силно се залага и ги поддржува сите оние кои се залагаат за заштита на животните и за еколошки свесно производство

 

x

Check Also

Топ 8 модели на кожени панталони од популарните модни марки

Еден од најголемите хитови на оваа есен/зима се панталоните од кожа или ...