Од понеделник до петок: Zara дава идеи како да се дотераме за на работа

27-годишната моделка Џулија Нобис е главно лице во новиот тренди водич на Zara насловен„ Monday to Friday“, зa сезоната есен/зима 2019. 

Ацентот на новата колекција дизајнирана за постудените денови е на деловната гардероба, но дизајнерите од Zara се залагаат да не е формална, строга, некомотна, туку напротив, лежерна и шик. Со ваквата гардероба ќе бидеме во можност и комфорно да стигнеме до работното место, дури и кога сме во автобус. Новите модни парчиња од колекцијата се женствени и со лежерни кроеви. Од палетата на бои доминираат неутралните, сива, темно-сина, бела и црна. Комбинирајте ги со кожени чизми и впечатливи обетки. 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...