Од скршените велигденски јајца – преслатки ордевери

Со малку фантазија од јајцата кои се скршиле може да направите интересни пиленца, глувчиња или зајчиња.

За слатки велигденски пиленца потребно ви е – варени јајца, мајонез, морков, неколку маслинки, листови од зелена салата за деорација.

Сварените јајца (чија луспа напукнала при варењето и сега веќе не се во „игра“ за бојадисување) излупете ги и пресечети го горниот дел (врвот) за да изгледа како капа, внимателно без да допрете до жолчката на јајцето. Отстранете ги белите „капчиња“ од јајцата, и со помош на шриц за готвење ставете малку мајонез врз останатиот дел од јајцето. Мајонезот ќе ја претставува главата на пиленцата.

Исечкајте ги маслинките, отстранете ја од нив семката, и направете им очи на пиленцата.

Морковот сварете го и потоа иситнете го на парченца во форма на тријаголник – тоа ќе бидат клунчињата на пиленцата, и само забодете ги во мајонезот.

Вратете им ги на пиленцата „белите капчиња“ и тие ќе заличат како тукушто да се испилиле.

Наредете ги пиленцата во сад украсен со листови од зелена салата или рукола.

Од неколку јајца (претходно варени) може да направите и зајчиња. Со помош на чепкалки (прекршени на мали парчиња), црни маслинки или моркови, декорирајте ги белите јајца – направете им очи, уши и мустачиња.

x

Check Also

Домашен сладолед од банана и путер од кикиритки

Се подготвува брзо, не треба да сте вешти во кујната, а задоволството ...