Од скршените велигденски јајца направете преслатки мезиња

Додека ги варите јајцата за вапцање, голема веројатност е дека макар едно ако не и неколку, ќе напукнат и не се погодни за вапцање. Ова не е причина да си го расипете убавото расположение. Со малку фантазија од јајцата кои се скршиле може да направите прекрасни салати и мезиња.

За слатки велигденски пиленца потребно ви е – варени јајца, мајонез, морков, неколку маслинки, листови од зелена салата за деорација.

Сварените јајца (чија луспа напукнала при варењето, или пак, веќе сте ги искористиле за ритуалот со кршење на јајца)излупете ги и пресечети го горниот дел (врвот) за да изгледа како капа, внимателно без да допрете до жолчката на јајцето. Отстранете ги белите „капчиња“ од јајцата, и со помош на шриц за готвење ставете малку мајонез врз останатиот дел од јајцето. Мајонезот ќе ја претставува главата на пиленцата.

Исечкајте ги маслинките, отстранете ја од нив семката, и направете им очи на пиленцата.

Морковот сварете го и потоа иситнете го на парченца во форма на тријаголник – тоа ќе бидат клунчињата на пиленцата, и само забодете ги во мајонезот.

Вратете им ги на пиленцата „белите капчиња“ и тие ќе заличат како тукушто да се испилиле.

Наредете ги пиленцата во сад украсен со листови од зелена салата или рукола.

Од неколку јајца (претходно варени) може да направите и зајчиња. Со помош на чепкалки (прекршени на мали парчиња), црни маслинки или моркови, декорирајте ги белите јајца – направете им очи, уши и мустачиња.

x

Check Also

Жито Лукс донира 750 килограми брашно во СОС Детско село

Жито Лукс донираше 750 килограми брашно во СОС Детско село и даруваше ...