Од стариот леб направете превкусен појадок

Предноста на овој леб е што не бара месење, а ќе го подготвите многу бргу.
Потребни намирници – 200 грама сланина, 170 грама гауда или друг кашкавал по желба, 5 кришки стар леб, 1 лажичка магдонос, 2 филџани млеко, 6 јајца, 1 лажичка сол.
Подготовка
Сланината исечкајте ја на ситни парченца и малку пропржете ја во тавче да стане крцкава. Префрлете ја во поголем сад па додадете го кашкавалот кој претходно е исечкан на мали коцки, додадете го и лебот исечкан на мали коцки, посолете и зачинете со магдонос.
Во посебен сад измешајте го млекото со јајцата, потоа додадете ги останатите состојки и измешајте.
Оставете лебот да ја впие течноста околу 15-на минути. Префрлете се заедно во калап за леб, а потоа тој калап ставете го во друг поголем калап кој до пола сте го наполниле со вода. Покријте го лебот со фолија и печете околу 45 минути. Отстранете ја фолијата па печете уште половина час за лебот малку да се крене. Послужете топло.

x

Check Also

Панфорте, прекрасни колачиња по италијански рецепт

Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата. Потребни намирници ...