Од влакнести гради до уметнички креации

Новите анкети се почесто покажуваат дека поголем дел од жените веќе не сакаат мажи со влакнести гради. Дали ќе го засакаат новиот тренд кој доаѓа од Њујорк, останува да видиме.

gradi 2

Даниел Џонсон е стилист од Њујорк кој се грижи за косата на повеќе славни личности, но од неодамна стана прочуен и по нешто друго. Имено, тој го лансираше новиот тренд кој најде голем одзив кај мажите на кои им е здодевно да ја носат „јамболијата“ на своите гради. Така, од влакнестите машки гради овој стилист прави уметнички креации, од пејсажи до знаменитости и градови.

Ете идеја за некои од нашите фризери кои можат да се пофалат со своите уметнички вештини, па овој тренд да го донесат и кај нас.

x

Check Also

Да се ​​работи осум часа на ден не е добро ни продуктивно, доволни се само 3 часа! Новото истражување ја докажува оваа теза

Ова го откри истражување на австралискиот институт за применети економски и социјални ...