Од жените за мажите: совршен подарок за посилниот пол

Кога станува збор за мажите и нивната долна облека, пижами или чорапи, без исклучок трендовите и квалитетот стануваат се повлијателни при изборот. Ви треба идеја за подарок, сакате да ги изненадите својот сакан, блиски роднини или пријатели, а не знаете каде да се обратите бидејќи мажите навистина се специфични кога станува збор за подарување на долна облека или чорапи.

Трагајќи по квалитетни, шик и современи парчиња пижами и чорапи за мажи, се обративме кај нашиот етаблиран производител за долна облека, Сара Фешн, кој 20та година по ред ги поставува стандардите во полето на оваа индустрија:

Чорапите се значаен моден детал за мажите, особено во последните години каде што секој од нив има желба да комбинира бои и дезени што е за почит. Мажите се повеќе внимаваат на квалитетот и на изгледот, без разлика дали е тоа дневно излагање, работа или вечерни дружби, па затоа во нашата палета на чорапии може да се најде соодветен пар за секоја пригода. Класични или дезенирани, еднобојни или шарени – имаме избор за сите. Особено сме горди на својата Happy Collection линија на дезенирани чорапи за мажи кои изобилуваат со свежи бои и тонови. Внимателно избрани материјали за изработка кои го потврдуваат квалитетот на производот се многу значајни за нас и нашите потрошувачи.“ – изјави Маја Трајковска, менаџер на категорија хулахопки и чорапи во Сара Фешн.

Sara Fashion Happy Collection машки чорапи – 69 ден.

Sara Fashion Happy Collection машки чорапи – 69 ден.

                                                         

Во претстојната сезона пролет-лето, за мажите препорачуваме штосни комбинации на пижами со кул принтови. Кај колекцијата за чорапи го издвојувме квалитетот како прв критериум кој поставува трендови, заедно со концептот за контраст во бои. Дозволете супер дезените да ви го дефинираат стајлингот.“ –разговараавме со нивната дизајнерка Ивана Кнез која ни раскажа нешто повеќе додека ја разгледувавме најновата пролетна колекција на чорапи и пижами.

Sara Fashion сет машки пижами 1.150 ден.

                                                                             

Дека жените добро знаат што сакаат мажите, покажува фактот што и нашата трета соговорничка на тема долна облека и чорапи за мажите е жена:

Мажите пред се сакаат да се чувстуваат удобро, но сепак да изгледаат убаво и кога спијат. Тоа го потврдуваат нашите колекции пижами наменети за машката популација. Достапни во неколку бои и дезени, дел од нив се повпечатливи, а дел од нив се со смирени тонови. Изборот на материјал е од особено значење за квалитетен и мирен сон, па затоа мажите во нашите пижами можат да се чувстуваат пријатно и енергично да го започнат денот.“- изјави Маја Велјановска, менаџер на категорија долна облека и аксесоари.

Sara Fashion Happy Collection чорапи – 69 ден.

                                                          

Од жените за мажите, внимателно одбрани дезени и материјали кои ќе ги обожуваат. Ова е вистински избор на долна облека, пижами или чорапи – за удобни ноќи и силни чекори. Погледнете ја и вие новата колекција низ продавниците на Сара Фешн и одберете со совршениот подарок. Кој ќе биде вашиот избор?

x

Check Also

Отворање на нови продавници Parfois во Тетово и Битола

Вашиот омилен протугалски бренд за асесоари Parfois – поблиску до вас! Сега, со ...