Одбележување на „Неделата на разноликост “ со модни парчиња

Со изложба на кукли облечени во дизајнерски парчиња поставени со ортопедски помагала, Моден викенд Скопје и Британски совет во Македонија ја одбележуваат и кај нас „Неделата на разноликост“ која се прославува ширум светот од 3-ти до 10-ти декември.

2

По тој повод во аголот на концептуалната продавница „Лотус Дизајн Стор“ (Lotus Design Store) во Скопје Сити Мол поставени се кукли во природна големина облечени во креациите на  „Squire“ и „Blackout“  на Јован Петровски, „Kufer by Andriana Dineva“, „4 Seasons“ на Марта Мирова, Стефанија Насеска и „Le brand“ надополнети со накит од „M Art“ на Марта Поп- Антоска, „Капка“ на Јана Ацеска и „JZJ by Zlatko Jovanovski“.

3

Преку поставувањето на изложбата  сакаме да покажеме дека какви и да сме, сите имаме амбиции, желби, копнежи, потреба и можност да бидеме дел од секојдневието на подеднакво ист начин.  Покрај македонските дизајнери на облека и модни додатоци потребата  да ја прослави и да се укаже дека различностите  не треба да бидат препрека за целосно интегрирање и функционирање во општеството ја препознаа и „Fashion group во Македонија“ како и Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ –Скопје .

Изложбата ќе биде поставена  до 10-ти декември.

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...