Одберете еден премин, ќе се изненадите колку говори за вашата личност

Од шестте предложени премини на фотографијата одберете еден низ кој би се одлучиле да поминете.

Премин број 1. 

Пат кон ослободување

Вие сте личност на која ѝ треба многу простор, ја сакате слободата за работите да ги направите на ваш својствен начин. Повеќе ги сакате животните патишта кои сами сте ги истапкале и направиле, а секогаш имате повеќе опции. Никогаш не сакате да бидете оневозможени или ограничени. Многу сте независни, понекогаш и бунтовни, но не сакате кавги и конфликти со другите. Не сакате да брзате, сакате време за уживање во животот. Понекогаш сте и хедонистички расположени.

Премин број 2. 

Пат кон приватност

Сакате да патувате сами, да размислувате, анализирате, да носите заклучоци. Тежите кон лагоден животен пат во кој има место само за еден. Секако, отворени сте и за другите, но на прво место се ставате себе и своите цели. Оригинални сте, светот го гледате на посебен начин. Често и другите имаат полза од вашите совети и размислувања. Може да се каже дека сте самотник, но кога сакате да се поврзете со другите тоа го правите лесно и со многу разбирање.

Премин број 3.

Живописен пат

Многу сте привлечни и ангажирани, сакате да испробате се. Вашиот сон е животот да ви биде исполнет со бои, возбуди и убавина. За вас се многу важни патувањата, а не самата дестинација Радознали сте и сакате секогаш да дознаете уште повеќе. Секогаш први го почнувате разговорот, а имате и многу прашања. Духовити сте и имате изразена интелигенција и луѓето секогаш се смејат во ваше друштво.

Премин број 4.

Возбудлив пат

Секогаш одите напред во животот, дури и кога тргнувате во непознато. Не се грижите за последиците, со нив се занимавате подоцна. Тежите кон непредвидливост, можеби дури и кон работи кои другите би ги уплашиле. Ве привлекува се што е непознато, сакате да им пркосите на правилата и често сте незагрижени. Воглавно ве следи среќа. Спонтани сте и непречено трагате за нови возбудувања и авантури – сакате до максимум да го искористите времето кое ви е дадено.

Премин број 5. 

Пат кон стабилност

Не барате многу од животот и луѓето. Во вечна потрага по мир сте. Има многу содржина во вашиот карактер, но понекогаш едноставно не сакате многу да се трудите. За вас совршен живот е оној без никакви грижи, без оптоварувања, притисоци…сигурен, лагоден и спокоен живот. Секогаш сакате да знаете во што се впуштате и секогаш правите полсени избори. Стабилни сте и знаете да ги поддржите другите. Познати сте по доследноста.

Премин број 6.

Пат кон тишината

Ја почитувате самотијата во сите подрачја на животот. Може да пројде долго време, а вие да не почувствувате дека сте сами. Го сакате мирот и тишината. Ја сакате природата, барате содржина во се што ве опкружува. Не сакате метеж, но ги сакате луѓето. Ги почитувате автентичните односи и длабоките, смирени разговори.

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (од 21 до 27 септември): Жешка недела за огнените знаци!

Оваа недела продолжува транзитот на Венера во знакот Лав, што ќе им ...