Одлична посетеност на промоцијата на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал

Голем број филмски професионалци го посетија македонскиот штанд на престижниот Кански фестивал каде беше промовирана нашата земја како дестинација за снимање на филмови и беа претставени домашните остварувања кои годинава се дел од оваа реномирана манифестација. На присутните им беа поделени промотивни материјали и подетално се запознаа со Македонија и со нејзиниот филмски потенцијал.

На промотивниот настан присуствуваше екипата од филмот „Дивата круша“ чиј копродуцент е Македонија и е во официјалната селекција на Канскиот фестивал. Беа претставени и домашните остварувања кои се дел од филмскиот маркет – двата долгометражни, „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски и „Дедо и внук“ на Илија Пиперковки, како и два краткометражни филмови, „Една“ на Вук Митевски и „Готлиб“ на Крсте Господиновски.

Агенцијата за филм годинава стави акцент на унапредување и подобрување на промоцијата на Македонија како дестинација за снимање поради што подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која посебно беа изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање. Дополнително, на 9 мај во дневните изданија на списанието „Холивуд репортер“ Агенцијата за филм закупи простор за објава со која се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.

x

Check Also

Бесплатната туристичка тура „Мапа на културата“ во организација на Еуролинг осигурување

Културата на дланка заедно со  Еуролинк осигурување Еуролинк осигурување во рамките на ...