Официјално е, кралицата Елизабета не мисли да се враќа во Бакингемската палата

Засега, кралицата Елизабета Втора останува монарх од далечина, но се чини дека таа размислува да се повлече и да го остави тронот на принцот Чарлс.

Пандемијата Ковид -19 го промени животот на сите, вклучително и на кралицата Елизабета и членовите на британското кралско семејство.

Принцот Чарлс, заедно со Камила, се повлекоа во кралската резиденција во Шкотска, семејството Кембриџ се пресели во куќата Анмер Хол во Норфолк, а кралицата Елизабета, која ја напушти Бакингемската палата во март, се повлече во карантин во Замокот Виндзор, лоциран веднаш пред Лондон.

Оттогаш, нејзиното Височество остана изолирано во резиденцијата со принцот Филип, а според новиот извештај објавен во „Тајмс“, кралицата „ќе остане на неодредено време во замокот Виндзор“.

Портпаролот на Бакингамската палата потврди дека кралицата Елизабета нема да се врати во Лондон пред следната есен, одлучувајќи да остане во замокот Виндзор барем до октомври.

Поради континуираната загриженост за пандемијата на коронавирусот и напредната возраст на кралицата, која штотуку наполни 94 години, сега е побезбедно кралицата Елизабета и принцот Филип да останат изолирани.

„Кралицата ќе се повлече од јавниот живот со месеци, а тоа ќе биде нејзино најдолго отсуство од службените должности во нејзиното 68-годишно владеење“, пишува Тајмс.

Потврдено е и прекинувањето на сите идни кралски настани и обврски на кралицата. На пример, откажана е кралската посета на Јужна Африка, закажана за октомври и церемонијата Trooping the Colour, закажана за 13 јуни.

Засега, Елизабета Втора останува на чело на кралска Велика Британија, уште еднаш докажувајќи дека е значајна национална фигура способна да ја бодри нацијата во време на криза, како што се виде за време на нејзиниот говор на почетокот на април.

Сепак, работите би можеле да се променат ако пандемијата на коронавирус продолжи до 2021 година.

Всушност, изворот вели дека кралицата може да одлучи престолот да го остави на принцот Чарлс во текот на следната година. Според експертот Роберт Џобсон, кралицата Елизабета всушност размислува да си даде оставка кога ќе наполни 95 години, а тоа е во април 2021 година.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...