Огромен интерес за фестивалот на Новиот германски филм

Буквално пред преполна сала беше успешно отворен 13от по ред фестивал на Новиот германски филм. Турканици на врата од киното Милениум за филмот „Чик“ кој го означи стартот на фестивалот. Веќе од денеска (5 октомври), фестивалот се сели во киното Фросина во рамките на Младинскиот културен центар. Останатите 9 филмови ќе бидат прикажани во оваа кино сала. Цената на билетите за 7те филмови, кои се наменети за публика над 12 години чини 100 денари, а цената за двата детски филмови, кои ќе бидат прикажани на 8 октомври е 50 денари. Особеност на овој фестивал е што филмската понуда не претставува само ексклузивно уживање за скопјани, туку филмовите на престојниот фестивал ќе може да ги погледне публика и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица. Проекциите во градовите од внатрешноста се бесплатни.

Останатите девет филмови се: комично сатиричниот „Тој е повторно тука“ во режија на Давид Внент, драмата „Поздрави од Фукушима“ во режија на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во режија на Себастиан Хилгер, трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, детскиот филм „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ во режија на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ во режија на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ во режија на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед. http://fngf.mk/demo/

 

 

x

Check Also

Наскоро, ONLINE  уплата за ЛОТО 7 и Џокер  на Државна Лотарија

WWW.LOTO.MK СО НОВ ИЗГЛЕД И ПОДОБРЕНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ Државна Лотарија на свое големо задоволство ...