Октомври ќе биде месец на родените во знакот Шкорпија

Месецот пред нас, октомври, за главни протагонисти и фаворити на ѕвездите ќе ги има родените во знакот на Шкорпија.

Во знакот на Шкорпија, во октомври ќе бидат дури три среќни планети – Јупитер, Венера и Меркур, па на Шкорпиите воопшто нема да им недостигаат убави вести на полето на љубовта и на работен план.

Па, драги Шкорпии, подгответе се за месец полн со емоции и нови предизвици, една поубава од друга. Почнувајќи од 9-ти октомври, сите планети ќе бидат подготвени да ве фаворизираат во секоја ситуација.

Од професионална гледна точка, ќе успеете да ги постигнете сите цели кои ви биле зацртани, па дури и ќе остварите по некоја нова поставена цел, која како вистински бонус за вас ќе се појави во втората половина на месецот.

И на сентиментално поле ќе се случат големи емотивни (пријатни) потреси. Пред осамените Шкорпии е средба која може да се нарече судбинска! Оние пак, кој се во пар, ќе бидат пред предизвикот на издигнување на врската на повисоко, постабилно, ниво, а многумина ќе одлучат да скокнат во брачните води.

x

Check Also

Избрани мажите на годината за 2019 година

Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година   Мислав Галер ...