Анрестриктид (Unrestricted) е новата бизнис колекција на Олгица Ѓоргиева.
Линијата е богата со дневни и вечерни фустани, панталони, кошули и здолништа кои се истовремено женствени и силни.
Инспирациите на Олгица се 10 маркатни жени од македонскиот деловен свет, кои несебично со својата индивидуална харизма придонесоа за автентично пренесувањето на пораката на оваа колекција.
Анета Пешева, Марта Н. Грнарова, Славица Николовска, Билјана Трендафилова, Билјана Трајковска, Билјана Зафирова, Љупка Наумовска, Ли Вебер, Снежана Лупевска и самата дизајнерка Олгица Ѓоргиева беа модели во кампањата и на настанот.