Доколку немате полни усни ала Анџелина Џоли, овој мејк – ап тренд е вистинскиот избор за вас. Тајната на омбре сензуалните усни е во начинот на нанесување на карминот.
На краевите на усните внимателно се нанесува посилна нијанса на кармин која постепепо избледува со вашето движење на четката кон средишниот дел на вашите усни. Со овој трик вашите усни ќе добијат природен волумен и специфичен изглед.
Покрај трикот со четкичката може да се обидете и со две нијанси на кармин. На горната усна нанесете посветла нијанса на розов кармин, а на долната усна нанесете потемна розова нијанса на кармин или сосема друга боја и повторно ќе добиете поголем волумен на вашите усни.
Омбре магијата може да биде и комбинација од три топли нијанси на кармин. Започнете со нежно розова нијанса со која ќе ги обоите врвовите на горната усна, а потоа продолжете со нанесување на темно црвена нијанса на кармин.
Откако внимателно ќе ги нанесете розовиот и црвениот кармин, долната усна обојте ја со цитрусна портокалова нијанса и ќе бидете воодушевени од волуменот и сензуалниот изглед на вашите усните.
Омбре усни може да креирате и сами доколку се одлучите за некоја поедноставна варијанта и секако доколку користите професионален кармин, а доколку сакате професионални омбре усни обратете се кај професионален мејк – ап артист и вашите усни ќе бидат најбакнуваните усни ова лето.
М.Р.