Омилениот вкус на сладолет открива многу за вас

 

Сезоната на сладоледи започна, а за топлите денови да ви бидат поинтересни дознајте што открива за вас сладоледот кој го купувате.

sladoled 3

Чоколада

Вие сте креативни, шармантни, полни со енергија, заводливи и весели. Сакате забава, секогаш сакате да сте во центар на вниманието, но ги сакате и љубовните драми. Не ги сакате секојдневните рутински работи.

Ванила

Ова е омилен вкус на сладолед на оние кои се интуитивни и идеалистички расположени, а имаат и големи очекувања како од себе така и од другите. Многу се врзани за семејството и ги почитуваат семејните вредности. Брзо паѓаат под туѓо влијание.

Банана

Сладоледот од банана открива широки личности, искрени, полни со сочувство и разбирање кон другите. Во љубовта сте плашливи и неодлучни, но инаку големи оптимисти. Секогаш се чувствувате добро.

sladoled 9

Јагода

Вкусот од јагода открива верна, срамежлива и чувствителна личност. Своите емоции ги покажувате само пред одбраните. Интровертноста ви е маана, но и големата самокритичност. Скептични сте но и многу толерантни.

 

Страчатела

Овој вкус на сладолед го одбираат оние кои се многу амбициозни и кои имаат големи очекувања од другите, како и од себе. Ја сакате конкуренцијата и точно знаете што сакате во животот, а обично и тоа го добивате. Од друга страна, великодушни сте, имате смисла за хумор, секогаш насмејани, дружељубиви и затоа многу популарни во друштвото.

sladoled 5

Лимон

Овој вкус открива амбициозна, искрена и верна личност. Очекувате истите квалитети да ги има и вашиот партнер. Реални сте и цврсто стоите на земја. Секогаш размислувате однапред зашто не сакате ништо да препуштите на случајот. Секогаш го кажувате тоа што го мислите, па оттука и лесно влегувате во кавга со другите.

Лешник

Сладоледот од лешник открива стабилна личност на која луѓето сакаат да и се доверуваат. Полни сте со разбирање. Добро управувате со парите и секогаш стоите зад своите постапки.

Кафе

Вие навистина знаете да уживате во животот. Се што правите – правите со голема страст. Сепак, знаете брзо да се заситите од се. Ги сакате повеќе љубовните авантури отколку сериозните врски.

x

Check Also

 Винаријата „Сковин Група“ со новата берба ја продолжува традицијата на производство на вино од Скопскиот регион

Со бербата на грозјето Шардоне продолжува традицијата на производство на вино од Скопското виногорје. Винаријата „Сковин ...