Омилените креатори на Кејт Мидлтон за 2019 година

Софистицираниот стил на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ги освои срцата на обожавателите ширум светот. Без разлика дали се појавува на црвениот тепих или оди на работа, Кејт секогаш се облекува за да импресионира.

Се разбира, војвотката од Кембриџ има список на брендови кои ги преферира, а најголем дел од нив се англиски. Речиси сите на нејзината листа се луксузни дизајнери и апсолутно достојни за едноставните, но и модерни вкусови кои таа ги претставува. Па, кои дизајнери се главните протагонисти во гардероберот на Кејт Мидлтон?

Александар Меквин

Дизајнерката Сара Бартон од „Александар Меквин“ ја дизајнираше венчаницата на војвотката. Но Кетрин и понатаму продолжи да носи креации од оваа модна марка особено кога станува збор за софистицираните и по малку формални палта и фустани.

Александар Меквин

Барбери

Кога е студено или кога врне, на Кејт и се допаѓаат мантилите од легендарната британска марка Барбери.

Барбери

Емилија Викстид

Една од омилените етикети на војвотката е Емилија Викстид, марка која нуди фустани во живо бои и со цветни принтови.

Ердем

Раскошни, женствени фустани нуди и Ердем – една од обожаваните модни амрки на Кејт. Моделите совршено се вклопуваат во елегантниот стил на Кејт.

Ердем

Џени Пекам

Кога станува збор за црвениот килим, Кејт Мидлтон смета на креациите од англиската дизајнерка Џени Пекам.

Макс Мара

Италијанската модна марка Макс Мара е позната по елегантните капути, струкирани, а војвотката е фан на оваа марка.

Малбери

Кога пак, станува збор за чанти, првото место за Кејт го има Малбери. Од оваа модна марка војвотката носи и палта.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...