Оперски куќи кои му пркосат на времето

Тука ќе се вратите повторно, и повторно…

opera tenerife

Помалку е повеќе? Не, повеќе е повеќе, кога е во прашање Тенерифе Опера Хаус, отворена во септември 2003-тата година во главниот град на Тенерифе, Санта Круз. Спектакуларната оперска куќа на Канарските острови, дизајнирана од шпанскиот архитект Сантиаго Калатрава е многу повеќе од гигантски објект во вид на бран, а овој бран е многу повеќе од бран: тој остави најголем печат на модернистичкиот стил кој доминираше во архитектурата на 20.от век.

opera tenerife 2

Токму овие, модернистичките архитекти, добар дел од својата инспирација ја црпеа од минатото: и тоа не од било кое минато, туку од делата на шпанскиот гениј Антонио Гауди кој останува незаборавен по Ла Саграда Фамиља.

opera 4 tenerife

Влијанието на Гауди се глада и во Сиднеј Опера Хаус, како и во TWA Терминал во Њујорк.

opera sidnej

Но шпанскиот архитект Калатрава сакаше да покаже дека Гауди треба да си остане во минатото, зашто луѓето се гладни за нови форми, за нови облици и нови изразувања. Тоа и го покажа на дело: Тенерифе Опера Хаус личи на бран, но личи и на крило од птица во лет, но личи и на школка. Тој ве остава да размислувате…

3.500 тонскиот концерн, во својата внатрешност содржи две концертни сали. Поголемата сала има 1.668 седишта. Архитектот кој најчесто за своите дела  (скулптури и цртежи) ја наоѓа инспирацијата во природата, овојпат открива дека формата на оваа Опера произлегува од неговата глава, од Мaунт Теиде, познатиот вулкан на Тенерифе кој е туристичка атракција. Реализацијата на целото дело чинеше 80 милиони долари.

Со Тенерифе Опера Хаус, дефинитивно, Сантиаго Калатрава стана супер-ѕвезда во архитектурата. Знаејќи го тоа, самоуверениот архитект на прашањето „Kаква функција има неговиот бран?“, одговара: „Никаква!“

Тенерифе Опера Хаус

ТАКВА, ИСТА КАКО НА ПЈЕРМАРИНИ!

Кога миланската оперска куќа, наречена Реџо Дука Театро, изгоре во 1770-тата година, австриската императорка Марија Тереза која во тоа време владееше со Милано, му нареди на архитектот Џузепе Пјермарини да дизајнира нов оперски дом на истото место. Пјермарини направи пет слични верзии се’ додека не му беше одобрена финалната, и така се роди  Милано Театро ла Скала, многу попознат по своето кратко име “Ла Скала“.

opera skala 4

Неокласичниот архитект, преку оваа Опера, сакаше да го претстави Аполон во неговата трумфална кола, но внатршноста на Скала , која искрено „пее“ испадна пријатна и блиска, со своите 1.800 седишта. Токму тоа стана она волшебното во овој театар, кој набргу стана дом на најголемите италијански композитори: Доницети, Белини, Росини и Верди. Самиот Џузепе Верди компонираше за оваа бина. Тука тој ја постави и својата прва опера, „Оберто“ во 1839-та година, и на оваа бина повторно се врати доцна во својот живот, по забраната од управителот да не настапува тука цели 20 години.

opera skala 3
20 години подоцна, Џузепе Верди во Миланската скала ги постави своите последни мастерписи, премиерно „Отело“ во 1887-та година и „Фалстаф“ во 1893-та година.

opera skala 2

Добар дел од 20-от век Скала беше во сопственост на благородничките семејства, се’ до Втората светска војна, кога оперската куќа беше уништена. Но по завршувањето на војната, миланезите кои беа најгорди на својот театар одлучија да го издигнат одново пред-било која друга конструкција или објект во градот, да го реобноват дури и пред да ги издигнат одново болниците. Подоцна, во сопственост на Фондацијата, Миланската скала беше затворена poради контроверзното ремоделирање на ентериерот во 2002-та година (менаџерите трвдеа дека новото ремоделирање треба да биде идентично на оригиналниот дизајн на Пјермарини, но локалните реставратори беа скептични). Свеченото ре-отворање со гала претстава се случи на крајот на 2004-та година.

ДУХ МЕЃУ ГОСТИТЕ

Композиторот Клод Дебис рече дека оваа оперка куќа го потсетува на турска бања. Лондонскиот „Тајмс“ се шегуваше дека нејзиниот архитект, Чарлс Гарниер, пред да ја дизајнира се прејал пудинг. Дури и императорката Еугени(ја), жената на патронот, го обвини Гарниер: „Каков е овој стил? Ова не е стил, не е ниту грчко ниту пак, Луј 15.ти, ни Луј 16.ти…“ Одговорот следуваше: „Ова е стил на времињата. Ова е стил на Наполеон Трети, а Вие се жалите за самата себеси!“

opera garnier

Наречете ја како сакате, но Париз Опера Хаус е најславниот аудиториум во светот. Таканаречената Опера Гарние (Palais Garnier) засекогаш ќе остане дом на новелистот Гастон Леру и на неговиот „Фантом“.

opera garnier 2

Гарниер победи на конкурот објавен за изградба на оперска куќа во Париз во 1861-та година, кога имаше само 32 години. Но, објектот беше дозволено да се гради дури во 1878-та година, осум години по падот на Наполеон Трети. Во овие денови, Париз уживаше во својата „Belle Epoque“, па Гарнеровиот објект одлично се вклопи во целата таа атмосфера. Впрочем, публиката доаѓаше во Операта не за да види – туку за да биде видена.

opera garnier 3

Денес, милионите туристи кои доаѓаат да ја видат Париз Опера Хаус секоја година, често се разочарани што објектот не е изграден во близина на вода, над езеро или над река, како што многумина очекуваат, водејќи се според преданијата за Фантомот кој живеел во куќа изградена над езеро. Но, таткото на „Фантомот на Операта“, новелистот Гастон Леру, никогаш не лажел: под овој објект некогаш навистина имало вода, која подоцна била извлечена со пумпи. Долги години Париз Опера Хаус беше дом и на париската национална Опера и парискиот балет, но со стареењето на градбата, во 1989-та година тие се префрлија во нов театар: во Опера Бастил (Opera Bastille), еден од големите проекти иницирани од претседателот Франсоа Митеран.

opera garnier 4

Во 1999. година започна големата реобнова на старата Париз Опера Хаус, а главната фасада беше рефиниширана во 2000-тата. Реставрацијата на главното лоби, салата и целиот ентериер целосно беа завршени во 2007.година, и така повторно заживеа старата добра „свадбена торта“ на мисје Гарниер.

М.Б.

x

Check Also

Започнува продажбата на новиот HUAWEI WATCH FIT на македонскиот пазар

Најновиот модел на фитнес паметен часовник на Huawei – HUAWEI WATCH FIT сега е ...