Опра Винфри донираше 10 милиони долари за сиромашните и гладните

Славната водителка Опра Винфри објави дека донира 10 милиони долари за да ги поддржи напорите во борба против коронависрусот во САД, а тоа вклучува и осигурување на храна за загрозените Американци.

Винфри, една од најбогатите и највлијателните Американи, тоа го објави на социјалните мрежи.

-Подарувам 10 милиони долари за да им помогнам на Американците во оваа пандемија во градовите ширум земјата и во подрачјата во кои израснав, напиша Опра.

Винфри (66) е родена во сиромаштво во Мисисипи, а израснала во Милвоки и Тенеси.

Дел од парите е наменет за обезбедување храна за најзагрозените од епидемијата, меѓу кои и за децата кои зависат од храната која ја добиваат, од сега затворените, училишта и растат во сиромашни семејства, како и за постарите луѓе и невработените чиј број дрматично расте.

– Се уште се сеќавам на растењето во Милвоки со мајка ми, на социјална помош, и понекогаш имавме потреба од помош само за семејството да преживее. Во вакви времиња има многу загрозени, напиша Винфри.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...