Опра Винфри, хуманист & најсилниот војник во борбата со килограмите

Нејзината борба со килограмите го привлекува вниманието на американската јавност повеќе од 20 години.

Во Опра може да се пронајде секоја жена без разлика на возраста, која секој ден станува и легнува со мислата дека треба да го намали вишокот килограми, дека треба повторно да е на диета и напорно да вежба и дека секој нов ден повторно има некоj килограм вишок на сопственото тело.

Во 1988 година во нејзината емисија која бележи рекорди според гледаност „новата“ Винфри пред камерите излезе во тесни фармерки туркајќи количка во која имало 30 килограми сало – тежина која ја загубила ослабнувајќи од 98 на 68 килограми. Подоцна тие килограми и се вратија.

oprah-weight-loss

Опра како и секоја жена која во својот живот се бори со килограмите ги има испробано сите популарни диети, но постајано се бори со јо-јо ефектот кој го создаваат диетите. Диетите постојано ги менувала но никогаш не го променила својот личен тренер Боб Грин кој е еден од најпознатите светски фитнес тренери. Активните тренинзи со Боб Грин и ја подобриле кондиција и благодарение на секојдневните напори била подготвена и да трча маратон.

Нејзиниот тренинг започнува секое утро во 05:30 часот, а наместо со утринско кафе Опра денот го започнува со трчање до фитнес центарот. По претрчувањето на четири километри вежбањето го продолжува со кардио и пилатес вежби.

По завршувањето на утринскиот тренинг Опра го започнува работниот ден со здрав појадок и тоа менито за појадок секогаш е исто: свежо пециво со диетален џем и манго. Ручекот секогаш е во 14 часот и обично тоа е супа од зеленчук, вегетаријански сендвич, а пијалокот е секогаш минерална вода.

По работното време Опра продолжува со вежбање во фитнес центарот но и со трчање на дополнителни четири километри на подвижна лента, а потоа продолжува со 350 вежби за стомакот. Денот го завршува со ниско калорична вечера: зеленчук и бело пилешко месо или риба. По вечерата Опра продолжува со пилатес тренинг во домашни услови.

Контролирањето на тежината е контролирање на сопствениот живот, вели Опра, а наш предлог е да го послушате советот и за почеток да ги замените калоричните оброци со предлог менито на Опра надополнето со дневна физичка активност.

x

Check Also

Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

Идеалот за мазна, кристално чиста кожа без акни, пори или брчки постои ...