Органски шампон за здрава коса и покрај сончевите зраци

Косата се оштетува во текот на летните месеци кога сме изложени повќе на сонце но и на морската сол и хлорираните базени. Затоа потребна и е дополнителна нега во жешките денови.

Со оглед на фактот дека органските производи за нега и убавина се поскапи од обичните, еве како да си подготвите органски шампон за нега на вашата коса во домашни услови.

Кожата, како најголем орган на човековото тело е прва одбранбена линија која го штити организмот од отрови. Со користење на органски шампони за коса, косата и кожата ќе бидат многу поздрави, а со тоа и вашиот организам.

Потребни се: две шолји концентриран, топол чај од камилица, три супени лажици рендан сапун од маслинки, една супена лажица глицерин, пет капки есенцијално масло од мандарина или масло по ваш избор.

Ставете ги цветовите од камилица во тенџере со зовриена вода, оставете го да стои покриен 15 минути и потоа исцедете го.

Во друг сад ставете го сапунот и полијте го со жешкиот чај, промешајте и оставете ја смесата неколку минути. Повторно во нов сад измешајте ги со жица за матење глицеринот и есенцијалното масло, префрлете ги во шише, потоа додајте го чајот со сапун, измешајте и оставете да се олади целосно.

Чувајте го шампонот на суво и темно место. За подобри резултати, оставете го шампонот да делува на косата три минути и потоа исплакнете со топла вода.

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...