Ориз од карфиол, мора да го пробате!

За оние кои внимаваат на внесот на јагленохидрати и на здравата исхрана, еве идеја како од карфиолот да направат „лажен“ ориз кој е и поздрав и повкусот како прилог на ручекот или вечерата.

Карфиолот исечкајте го на поситно со нож, па измиксајте го или изрендајте го. Ставете го на загреано масло или путер, со ситно исечкан кромид, и пропржете го пет минути. Пржете уште неколку минутки ако не сакате да е „ал денте“, иако таков е најдобар. Кога „оризот“ ќе биде готов додадете малку свеж магдонос, а по желба наросете и семки од тиква.

На крајот наросете малку маслиново масло и сервирајте го како прилог. Дополнително, врз лажниот ориз може да исрендате малку пармезан.

x

Check Also

За појадок или вечера наместо тост – англиски лепчиња, еве како да ги подготвите

Само едно од овие англиски лепчиња ја задоволува калориската вредност предвидена за ...