Оскар дела Рента цветниот фустан на Меган Маркл

Меган Маркл е позната по својот револуционерен стил во кралското семејство: Војвотката од Сасекс, и во изгледот избира да биде независна. Сепак, треба да се забележи дека Меган има беспрекорен вкус: неодамна во Бристол вниманието го привлече со скапиот моден избор кој чинел нешто помалку од 5.000 евра.

Оскар дела Рента

Војвотката носеше цветен макси фустан од Оскар дела Рента и волнен капут од Вилијам Винтеџ во комбинација со зелени, високи, кожени чизми.

За време на посетата на Даблин која вкупно траеле 48 часа, Меган Маркл носела гардероба во вкупна вредност од 37.760 евра. Всушност, војвотката троши вистински „кралски“ буџет за да ја покаже својата убава фигура и да остави впечаток на елегантна жена со стил. Кралицата Елизабета пак, сепак, има замерки кон модниот избор на Маркл, сметајќи дека е посоодветно за време на нејзината бременост да носи покласични фустани дизајнирани за бремени жени.

x

Check Also

Кејт Мидлтон го носеше накитот на принцезата Дајана на BAFTA

Стилот на принцезата Дајана е безвремен, а тоа често знае да го ...