Оскари 2017: Најдобри и најлоши мејкап изгледи и фризури

Освен по гламурната тоалета, ноќта на Оскарите беше во знакот и на убавите решенија на пминка и фризури, кои истотака ги следат модните трендови лансирани од познатите козметички куќи. Но сепак, сите ѕвезди не сјаеја исто. Всушност, на некои глумици и како да им недостасуваше сјај на лицето.

Еве ги најуспешните и најнеуспешните мејкап решенија на црвениот тепих.

Облечена во специфично црвен Валентино фустан, Рут Нега беше совршено нашминкана, а вистински погодок беше црвениот кармин кој го носеше. Фризурата беше надополнета со прекрасно црвено венче во согласност со обетките.

Едно од најуспешните решенија на шминка ни покажа Жанел Моне на своето прво појавување на ноќта на Оскарите. Кратката пикси фризура која беспрекорно и „стоеше“ беше освежена со трендовско венче. Шминката е дискретна и го нагласува сјајот на кожата, која изгледа беспрекорно негувана. Акцентот е на средените големи веѓи, а карминот е нежен и многу дискретен.

Според критичарите, Хали Бери го покажа најнеуспешниот мејкап изглед. Сите го сакаме дивиот, слободен и природен стил, обично. Но не и за ваква пригода.

На листата на најнеуспешни мејкап изгледи и фирзури се најде и Дакота Џонсон. Критиките особено беа упатени на фризурата, која требала да изгледа природна, а сепак дава ефект на несредена. Шмината е многу природна и дискретна, но не постигнува сјајност на лицето кое е речиси бледо.

Најдобрата актерка ги собра сите позитивни критики за нејзиниот изглед. Ретро-стилот беспрекорно и прилегаше, особено косата со бранови кои внесоа дополнителна доза на гламур.

Како и обично, Џесика Бел се одлучи за класични „cat eye“ и сенки во боја на праска. Како и обично, изгледаше совршено.

Скарлет Јохансон на црвениот тепих не изгледаше свежо. Прилично солабната, глумицата не успеа да го сокрие заморот од лицето. Очигледно, и околу косата немало посебни обиди.

Мишел Вилијамс покажа како се изгледа модерно. Шминката е дискретна но точно погодена за да сокрие евентуалните недостатоци на тенот, а акцентот е на куста пикси фризура во суперпопуларната сребрена нијанса.

x

Check Also

Емили Ратајковски се придружи на Клубот Kerastase!

27 годишната манекенка беше домаќинка на настанот во Холивуд, организиран од марката ...