Оскари 2018: На Марго Роби и се скинал фустанот од Шанел, па сама го сошила

Една непријатна случка која ја доживеа глумицата Марго Роби за време на Оскарите, помина малку незабележано. Но тоа што не предизвика големо внимание, се должи на вешноста на Роби да ја поправи „штетата“.

Имено, украсните ленти кои се наоѓаат на горниот дел од белиот Шанел фустан кој го носеше Роби, се откачија од фустанот, а тоа „лизгање“ се забележало уште на црвениот тепих.

Роби во белиот „проблематичен“ фустан од Шанел

„Ох, не е време за тоа!“, рече глумицата кога виде што се случува со нејзиниот фустан.

За среќа, фустанот не се „држел“ на украсните ленти, па не се случило откривање на голи делови од телото.

Фустанот што го носеше Марго Роби на Оскарите беше од Шанел и за негова изработка биле потрошени 600 часа. Само 550 часа биле посветени токму на украсните ленти и горниот дел од фустанот, додека за долниот дел биле „потрошени“ 130 работни часа. Односно, премногу вложен труд и време за да дојде до ваква грешка.

Но, тоа што изненадува е вешноста и снаодливоста на глумицата. Само неколку минути подоцна таа се снашла да најде игла и бел конец и сама, своерачно, да ја поправи грешката на Шанел.

За секој случај, на забавата после Оскарите, глумицата облече друг фустан од Шанел.

Роби на забавата по Оскарите

 

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...