Оскари 2018: Очилата – најпосакуван моден додаток

Поретко гледаме ѕвезди и познати личности да носат очила (за вид), но годинава Ноќта на Оскарите покажаа дека очилата – како моден додаток – се вратија на модната сцена. Наместо со леќи, како што беше најчест случај до сега, глумците се појавија на бината (некои и на црвениот тепих) со очила. И тоа, во најмала рака, изгледа освежувачки за Холивуд.

Мерил Стрип носеше очила и на црвениот тепих

Меѓу актерите кои носеа очила беа и Лупита Нионго, Лаура Дерн, Мерил Стрип и Рита Морено. Сите четири жени изгледаа неверојатно во ваков стил, и што е интересно – очилата не го нарушија гламурот на нивните креации.

Рита Морено со очила со црни рамки

Твитерџиите го покажаа нивното задоволство од изборот на овој моден додаток. Една корисничка на Твитер дури напиша дека очилата изгледале толку секси и „кул“ што и самата ќе си набави пар без разлика што има добар вид.

Повеќето реакции на социјалните мрежи беа дека очилата додаваат шарм на изгледот и дека се многу инспиративни.

Лупита Нионго

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...