Оскари 2018: Возбудлива приказна за фустанот на Тифани Хадиш

Ако го чекавте на незаборавни моменти на Оскарите, сигурно погледот ви се задржа на фустанот на Тифани Хадиш со кој се појави на црвениот тепих. Но овој моден изглед на Тифани не се должи само на исклучителноста на креацијата, туку на нејзиното подлабоко значење.

На црвениот тепих Хадиш им одговори на новинарите: „Татко ми е од Еритреја (источна Африка) и минатата година тој почина. Тој ми рече дека еден ден ќе стигнам до тука, до Оскарите, и ако некогаш одам на Оскарите – треба да го почастам и мојот народ, Еритрејците“.

Така, Хадиш навистина им направи чест на Еритрејците, но и на својот татко, облекувајќи автентичен фустан карактеристичен за еритрејската принцеза.

 

x

Check Also

Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во Вог

Интересна вест за фановите на британското кралско семејство и војвотката од Сасекс, ...