Оскари 2019: Џулија Робертс изненади со изборот на фустан

Никогаш не се знае кој ќе биде изненадувањето со својата појава на најгламурната ноќ, ноќта на Оскарите.

Годинава тоа беше Џулија Робертс која се појави на сцената за да додели награда за „Best Picture“, која отиде кај филмот Green Book. 

Роберт носеше фустан во трендовска силна розова нијанса.

Секси фустанот кој го открива едното рамо и со женствен шлиц е креација на Ели Сааб.

Изгледот беше заокружен со сандали со високи потпетици во иста нијанса и дијамантни обетки и белегзија.

Со оглед на тоа што до сега оскаровските изгледи на глумицата од изминатите години беа црни или бели, розовата нијанса беше вистинско изненадување и освежување на вечерта.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...