Оскари 2019: Лејди Гага со ѓердан од „Тифани“ кој го носела Одри Хепберн

Филмот „Ѕвездата е родена“ , во кој заедно глумеа Лејди Гага и Бредли Купер, беше еден од фаворитите на Оскарите, а ја освои наградата за Најдбра оригинална песна. Станува збор за песната “Shallow” за која Гага и Купер неодамна добија и Греми награда за најдобро поп дуо.

На настапот на сцената Гага и Купер се појавија во елегантна тоалета. Фустанот на Гага, во црна боја, не отскокуваше во стилот од фустанот кој таа го носеше на црвениот тепих. Но, тоа што привлекуваше внимание е дијамантниот ѓердан од Тифани во вредност од 5 милиони долари. Истиот ѓердан некогаш го носела Одри Хепберн, заедно со дијамантните обетки кои одат во пар со ѓерданот.

За разлика од „драма“ изгледот на Гага, Бредли Купер носеше класична, едноставна црно-бела комбинација.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...