Ако некогаш сте си помислиле дека би сакале да облечете еден фустан како оние од Ноќта на Оскарите, а имате буџет за тоа (од околу 7 илјади – 8 илјади евара), сега имате и можност да си купите ист таков фустан.
Додека дел од ѕвездите на Ноќта на Оскарите носат тоалети кои им ги предлагаат (и подаруваат) самите светски дизајнери и дизајнерски куќи, некои ѕвезди се облекуваат на „своја рака“, односно сами си купуваат фустан.
Овојпат тоа го направија глумицата Сара Полсон, Данаи Гурира и Марина де Тавира.
Изборот на Сара Полсон беше црвен фустан од Брендон Максвел. Достапен е во „онлајн“ продажба на Мода Операнди по цена од 8.388 евра.
Ако преферирате златна нијанса, златен фустан од Брок Колекшн носеше Данаи Гурира. Достапен е во продажба на Мода Операнди по цена од 6.990 евра.
Класичен оскаровски фустан во силна црвена боја носеше Марина де Тавира, мексиканса глумица позната по улогата во филмот „Roma“. Фустанот на де Тавира е од J.Mendel. Достапен е во продажба по цена од 8.382 евра.