Ослободете се од негативната енергија во домот според Фенг шуи

Древната кинеска метода фенг шуи ни помага да се чувствуваме позитивно и релаксирано во домот. Дознајте што го задушува протокот на енергија.

Поминат рок на намирници и предмети

Рокот на траење зазема еден од најважните ставки во фенг шуи. Треба да се води сметка за храната која стои во фрижидерот, па затоа секогаш проверувајте ги датумите на траење. Храната симболизира способност за давање и примање на љубов, оттука доколку имате храна во фрижидерот со поминат рок знајте дека тоа ќе влијае на стабилноста и мирот меѓу вас и најблиските. Истото важи и за козметика и лекови со одминат рок кои создаваат енергија која не ви дозволува да се опуштити ни физички ни психички.

Свенато, но и вештачко цвеќе

Билките според фенг шуи претставуваат растење, богатство и здравје. Затоа забранува држење на суви, овенати и вештачки билки зашто создаваат енергија која не дозволува да одите на подобро. Секогаш погрижете се да имате свеж букет цвеќе кое ќе го ставите во близина на вратата зашто така ќе ја зголемите позитивната енергија која влегува. Свенатите цвеќиња предизвикуваат замор и безволност.

Одредени фотографии

Фотографиите на кои сте со поранешните партнери, другарки со кои веќе не се дружите, како и фотографии со мотиви на тага или нешто што не ви се допаѓа, треба да избегнувате да ги поставувате во просториите кадешто живеете. Кога се тука и кога постојано ги гледате создавате енергија со која ги одбивате новите љубови и пријателства. Старите слики сместете ги во албуми, а на ѕидовите и во рамките ставете секогаш нови и весели слики.

Апарати кои не работат

Според фенг шуи апаратите претставуваат моќ и сила. Но, кога не можат веќе да се употребуваат, можат да предизвикаат здравствен проблем, проблеми на работното место и слични негативни ситуации. Затоа исфрлете го таквиот предмет или поправете го.

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (19ти до 25ти август): Топ знаци на неделата – Девица, Бик и Јарец

Во престојната седмица Венера ќе го напушти знакот Лав и ќе влезе ...