& Other Stories за новата колекција зема инспирација од скандинавскиот стил препознатлив по чистите линии, едноставноста и пеактичноста.
Колекцијата е дизајнирана за секојдневни излегувања. Предност имаат фустаните-кошули, или на преклоп, практични за носење. Фармерките се женствени, со висок струк, во потемна тексас нијанса. Палетата на бои ги вклучува неутралните нијанси, белата, беж и црната кои се наједноставни за модни комбинирања со другите парчиња облека и чевлите. Од модните додатоци – мачкастите рамки на очилата за сонце и едноставните сандали со мала полна потпетица го имаат главниот збор. Во продолжение, инспирирајте се од новите модни изгледи на & Other Stories.
Кошула фустан од органски памук, пријатен за носење во потоплите денови.Едноставно мини фустанче со впечатлив детал – странични копчиња. Сандали со полна потпетица висока 2,5 см. Лелеаво фустанче со графички принт, асиметричен крој и ракави со 3/4 должина.
Мини фустанче со класичен А-крој и трендовски „паф“ ракави. Ретро очила за сонце со мачкасти рамки. Фармерки во потемна нијанса, со висок струк, кој се носат во комбинација со едноставна бела кошула.