Освежи се навреме | 10 дена онлајн попуст на Sara Fashion

Сара Фешн ја стартува оваа седмица со десет дневен освежителен попуст! Новата колекција на акцесоари за лето 2019 е со -10% попуст за сите вие кои ќе се одлучите за онлајн шопингување, а долната облека можете да ја одберете со попуст од -20%.

– Од вчера, 10ти јуни до 20ти овој месец бидете онлајн и купувајте со супер цени. Заедно ќе го пречекаме топлото лето со попусти на нашата е-продавница. Ексклузивно и само на www.sarafashion.mk можете да ги купите најновите летни акцесоари со намалување од -10%, а долната облека со -20%. – изјави Петар Јовановиќ, одговорното лице за е-продавницата на Сара Фешн.

– Навистина сме горди на својата онлајн продавница која во март ја прослави својата годишница, а дополнително нашиот бренд Сара Фешн оваа година ја слави својата 20та. Достапноста 24/7 ја прави оваа платформа поразлична од купувањето во продавница, заштедува време и нуди поволности. Доколку не можете да посетите некоја од нашите продавници тогаш купувањето од својот мобилен телефон или лаптоп ќе биде одлична можност за вас, а сега и со одлична понуда само за е-купувачите. Да се освежиме навреме! Ве очекуваме!“ – ни раскажа Петар.

Лесно и исплатливо, вие порачувате – а пратката пристигнува на посакуваната адреса. За процесот да биде уште поедноставен, Сара Фешн имаат поставено и водичи за регистрација и порачка на нивниот сајт. Можете да ги погледнете на следниот ЛИНК и да го започнете вашето летно шопингување по супер цени.

Ние ќе се освежиме со торби за на плажа во сребрени тонови, а вие одберете ја вашата летна комбинација за потполно навремено освежување! Понудата трае само 10 дена!!

 

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...